еМагазин
Image default
Балкан

Обвинителството во Софија ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска глава

Обвинителството во Софија отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „цесна“ кај Солунска глава на 2. април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.

Софиското обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Северна Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот, пренесува Бгнес.

Обвинителството ќе побара информации за спроведените експертизи во Северна Македонија, а се разгледува и можноста за дополнително утврдување на евентуален дефект на авионот.

Истрага за авионската несреќа почнаа и надлежните во Северна Македонија. Формирана е комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИНСИВ, ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството.

Во координација со властите во Софија, договорено е дел од комисијата да бидат и двајца бугарски истражители.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршени се ДНК анализите на загинатите во авионската несреќа на Солунска Глава

Сите детали: Завршен увидот, следува истрагата за уривањето на авионот на Солунска Глава

М-НАВ: Пилотот на авионот кој се урна на Солунска Глава имаше дозвола за слетување на скопскиот аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хашим Тачи ќе поднесе оставка ако нема промени на границата на Косово

Редакција

По предвремените парламентарни избори во Црна Гора тешко да се формира нова влада

Редакција

(Видео) Приврзаниците на про-руската партија „Преродба“ го гаѓаа бугарскиот премиер Петков со снежни топки

Редакција