еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рашковски под истрага за тендерот за набавка на радарски систем

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата е под истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за спорниот тендер за набавка на радарски систем.

Од Обвинителството денеска информираа дека кон овој предмет споена е и кривична пријава поднесена од политичка партија.

„По реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас.

Во меѓувреме кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија. Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Наредена е и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска побарала М-НАВ да ги достави документите од набавката на радарскиот систем

„Познат македонски иноватор“: Што пишува во биографијата на генералниот секретар на Владата, Рашковски, кој е топ тема поради набавката на радарскиот систем

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Можни се рестрикции на работно време на места каде што може да се собираат луѓе за Нова година

Редакција

Производителите на храна ќе добијат субвенции ако ги намалат или не ги зголемуваат цените

Редакција

„Заспаниот имунитет“ една од можните причини за респираторни инфекции на 50 деца во гевгелиската болница, каде што тим на лекари ќе испитува

Редакција