еМагазин
БЕСПАРИЦА

Од 15 април броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки за струја, информираат од ЕВН

ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и здравствените власти за да се спречи ширењето на корона вирусот според кои во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа, велат од компанијата.

„Околу 200.000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо. Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. Исклучок од ова беа корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира.

Од 15 април веќе почнаа да се отчитуваат броилата и во месец мај корисниците добија порамнети сметки. Оние кои претходно имале помала претпоставена потрошувачка добија повисоки сметки, а оние кои имаа поголема претпоставена потрошувачка помали сметки. Сите корисници кои доставија состојби за корекција добија корегирани сметки.

Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка. Се разбира секој кој ќе забележи разлика во состојбите на броилото и на сметките во секој момент може да побара корекција на сметка.

Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН. Никогаш на корисниците нема да им биде наплатено повеќе од она што реално го имаат потрошено,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената ќе достигне максимум 2,5 евра: Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, тврди директорот на „Благој Ѓорев“

Редакција

Над 130 компании и 500 домашни изведувачи опфатени со петтиот пакет мерки за индустријата за организирање на настани

Редакција

Од Скопје до Штип преку Миладиновци за патарини во еден правец ќе плаќаме 160 денари

Редакција