еМагазин
Image default
Македонија

Од 15 тестови, пет позитивни со Ковид-19 во Дебар

Во Дебар денеска се дијагностицирани нови случаи со Ковид-19. Според епидемилогот Ментор Меља, од 15 земени тестови, позитивни на вирусот се пет лица, што значи околу 33 отсто од тестираните.

-Со петте новодијагностицирани случаи до сега бројот на заразани со опасниот вирус е 257 лица од општините Дебар и Центар Жупа.

Од нив во втората фаза на болеста, односно од петти јуни, кога повторно се врати на овие простори се 206 лица.

За разлика од првата фаза на болеста, кога имавме 51 случај, од нив два во Центар Жупа, а сите други во градот Дебар, сега болеста ја има во речиси сите населени места во двете општини, изјави за МИА, Меља, раководител на Работната едница на Центарот за јавно здравје во Дебар.

Причина за тоа, додава Меља, е непочитувањето на мерките за заштита, пред се одржувањето домашни веселби, пред се во селските населени места, полните кафулиња во градот и плажите на Дебраско Езеро.

-Во периодот од почетокот на пандемијата до сега за жал битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица, од нив шест се жители на општина Центар Жупа, додека пет од Дебар.

Од починатите четворица се во првата фаза, еден заболен од Центар Жупа, остантите тројца од Дебар. Во втората фаза шест од починатите се од Центар Жупа, а еден од Дебар, посочува Меља.

Апелира на поголема свесност и совесност кај граѓаните од двете општини во почтувањето на препораките. Посочи дека во втората фаза поголемиот број од новозаразените се од младата популација, меѓу нив и три бебиња до едногодишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Крива Паланка заразен со Ковид-19, општината затворена

24 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

138 лица од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30-39 години

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кочо Анѓушев повеќе не е почесен конзул на Малта, поради тоа што е ставен на „црната листа“ на САД

Редакција

Левица бара итен прекин на преговорите со Бугарија, францускиот предлог ја деградира македонската државност

Редакција

Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД

Редакција