еМагазин
Image default
Бизнис

Повратната карта со воз од Скопје до Солун само 756 денари

Железници на РСМ-Транспорт од 15 јуни повторно го воведуваат експресниот воз од Скопје до Белград и до Солун, пишува „Мета“.

Возот од македонската метропола кон Солун ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9.33 часот, од каде ќе може да се фати врска со грчки воз за летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори.

Железницата сезонава воведува атрактивни цени за повратна карта меѓу Скопје и Солун преку тарифската понуда „Сити стар“ (City Star) за групни патувања.

Па така, ако групата што ќе патува со воз, во идентичен ден, ја сочинуваат пет возрасни патници, цената на повратната карта меѓу Скопје и Солун ќе изнесува 836 денари или 13,5 евра.

Ако групата ја сочинуваат пет возрасни лица и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 756 денари или 12,2 евра.

Редовната цена на билетите меѓу Скопје и Солун изнесува 12,2 евра во еден правец и 19,5 евра во двата правци по патник.

Железничките билети можат да се набават на меѓународната билетара на станицата во Скопје, како и во другите поголеми железнички станици до Гевгелија по кои се движи возот.

Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што поаѓа секојдневно во 22:19 часот.

Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари (27,6 евра), меѓу Скопје и Загреб ќе може да се патува по цена од 3.653 денари (59 евра), додека цената на картата до Љубљана изнесува 4.643 денари (75 евра) за двата правци.

Важна напомена за патниците е дека експресниот воз сообраќа до белградската железничка станица Топчидер, додека кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз на „Грчките железници-ОСЕ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 15. јуни со воз од Скопје до Солун

Од 1. јуни, нема да има редовна автобуска линија Скопје-Солун

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата

Редакција

„Мода“ во загуба од 8 милиони денари

Редакција

ИСОС: Патот кон прифаќање на меѓународните сметководствени стандарди и професионални принципи не е лесен, но е единствен и затоа мора да го поминеме

Редакција