еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Од 18 часот денеска се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Град Скопје информира дека денеска од 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз по добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на метар кубен и оти епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.

Мерките и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот за што граѓаните ќе бидат на време информирани.

И покрај расчистувањето на воздухот, Град Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Твитер за првото место на Скопје во светот по загадување: „Да скокаш у Вардар при таква загаденост треба стварно да веруваш у Господ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Почна чистењето на ОХИС: Првата тура опасен историски отпад пристигна во Базел

Редакција

Почнува „Генералка викенд 2022“, Пиварци и партнерите го исчистија Водно

Редакција

(Видео) „Скопје мора да дише“: Еве уште еден „исправен” автобус што поминал регистрација и земал лиценца

Редакција