еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Од ЕУ не изолираа како глувци, среќни ли се конечно тие што не ги почтуваат мерките и тие што не веруваат во Ковид-19?

Како и што се очекуваше поради драстичниот раст на бројот на заразени со Ковид-19, за кој секако имаат одговорност и институциите поради неказнување и недоволното менаџирање на кризата, но многу повеќе граѓаните кои не ги почитуваат мерките, Советот на Европската Унија одлучи да не ги отвори границите за Македонија.

Тоа ќе остане така се додека не се подобри епидемиолошка слика и не се исполнат критиериумите кои ги бара ЕУ.

За да добиеме право да патуваме во ЕУ, епидемиолошката состојба на Македонија треба да исполнува три критериуми: бројот на нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена на 100 илјади граѓани да биде сличен или помал од ЕУ просекот, земјата да покаже намалување или стабилизација на кривата во последните 14 дена, и третиот услов е начинот на кој Македонија ќе се справи со Ковид-19 во смисла на достапните информации и нивната веродостојност, тестирањето, следењето на контактите, како и третманот.

Ако ги исполниме овие услови, рампата на ЕУ ќе се дигне за македонските граѓани, но како што стојат работите моментално тоа ќе биде тежок предизвик.

Не за друго во Македонија на 15 јули ќе се одржат предвремени парламентарни избори, а сите гледаме што се случува со бројките по изборите во Србија. Баш тогаш по 15 дена почнувајќи од денеска, ЕУ ќе одлучува дали ќе ја ревидира одлуката не само за Македонија, туку за сите земји кои не се најдоа на преодната листа.

Македонските државјани моментално без тест и карантин можат да патуваат само во Србија, Албанија и Косово, земји каде периодов исто така има зголемување на бројот на заразени со вирусот.

Ич нема за што да и се лутиме на ЕУ. Оваа сами си го направивме.

Поразително е дека и покрај над 300 починати лица, кои не се бројки, туку луѓе со име и презиме и фамилија, и покрај тоа што бројни наши граѓани останаа без работа, и покрај тоа што бројни наши фирми се пред пропаѓање… се уште сме во фаза на убедување дека вирусот навистина постои.

И се уште на некои граѓани за неколку минути им е тешко да носат маска. Само еден Бог знае што ќе не снајдеше да требаше некои комплицирани мерки да почитуваме.

Па, Срам да Ви е!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Согласно препораките од ЕУ: Грција останува затворена за македонските граѓани

Одлуката падна: Нема патување во ЕУ за македонските граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

„Гересхајмер“ отвора втора фабрика, 180 нови вработувања

Редакција

Рекордни 51 починати од Ковид-19, вкупно 4.072

Редакција