еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Од Коордитавиното тело на „Заедно ЗА Европска Македонија“ не одговараат дали ангажирале Американци за кампањата за референдумот

Од Координативното тело на коалицијата „Заедно ЗА Европска Македонија“ не одговараат на прашањата на еМагазин кои се агенции ги ангажирале за кампањата за престојниот референдум за името.

еМагазин праша и дали се ангажирани и американски експерти и други експерти од оваа област, неофицјална информација која извесно време кружи во политичките кругови.

Во коалицијата освен владејачките СДСМ и ДУИ се уште дваесетина други политички партии, кои одлучија да водат позитивна кампања за престојниот референдум.

Уште на стартот на кампањата во функција е веб страната izlezi.mk, официјалната страна на коалицијата на која нема инфо кој ја изработил.

Граѓаните референдумот ќе ги чини 1,3 милиони евра.

Владата ја ангажирала Стратагем Интернешнл

Од Владата за еМагазин велат дека за потребите за престојниот референдум ја ангажирале консултантската компанија Стратагем Интернешнл.

„Со цел транспарентно известување, Владата на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со консултантската компанија Стратагем Интернешнл за консултантски услуги кои ќе овозможат спроведување на кредибилен, фер и транспарентен референдумски процес.

Целта на овој меморандум е да се обезбедат консултантски услуги во спроведувањето на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот, базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност.

Согласно Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Македонија и консултантската компанија Стратагем Интернешнл, услугите опфатени со него немаат финансиски импликации за Владата на Република Македонија“, велат од Владата.

Во спроведување на планираната јавна комуникација за референдумот, Владата ќе комуницира со и преку медиумите – соопштенија за јавноста, брифинзи, изјави, прес-конференции, интервјуа и ТВ и радио гостувања, преку социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Фликр и Јутуб, за кои активности Владата ќе реализира средства во износ од 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата, а останатите комуникациски алатки ќе се реализираат во рамки на редовните владини активности. Ќе има и активности од јавен карактер – теренски посети, неформални средби, состаноци, гостувања и учество на јавни настани, велат од Владата.

Илустрација: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи: Утре се отвараат моловите, автошколите, обложувалниците…

Редакција

Мицкоски поминал покрај Будимпешта, но дали се видел со Груевски: Струмичко „бентли“ го следел во Унгарија

Редакција

Сите фактури кон приватните автобуски превозници се платени, тврди директорот на ЈСП

Редакција