еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од коронавирусот во светот заразени над 90.000 лица, досега починале 3.119

Си-Ен-Ен и порталот Ворлдметер во денешниот биланс за состојбата со коронавирусот наведуваат дека вкупниолт број на заразени во светот изнесува 90.032 лица, а бројот на починати 3.119.

Досега од заразата се излекувале вкупно 48.175 лица.

Бројот на заразени расте побрзо надвор отколку во Кина, земјата која беше примарно жариште на заразата.

Во Кина досега заболеле вкупно околу 80.200 лица, од кои во моментов има околу 30.000 активни случаи и 125 новозаболени.

Во Јужна Кореја вкупниот број на досега заразени изнесува малку помалку од 5.000, од кои 600 се нови случаи, 28 се починати и 4.812 се активни, пренесуваат британските медиуми.

Италија и Иран немаат новорегистрирани случаи на заболени. Во Италија вкупно се заболени 2.040 лица, а во Иран околу 1.500. Во Италија досега починаа 52, а во Иран 66 лица.

Во САД се регистрирани три нови случаи, а во Австралија, Пакистан и Еквадор има по еден новозаболен.

Високиот американски здравствен претставник, Мајкл Адамс, апелираше до Американците да престанат да купуваат медицински маски, бидејќи не се ефикасна заштита од ширење на заразата, но затоа се неопходни за медицинскиот персонал кои ги лекува заболените, пренесе Си-Ен-Ен.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот ќе удри и по македонската економија, предупредува Бизнис конфедерацијата

(ВИДЕО) Германски министер не сакаше да се ракува со Меркел поради коронавирусот

Двајцата лекари кои се вратија од Мадрид не се заразени со корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа четири лица од Ковид-19, тројца од Скопје и еден пациент од Штип

Редакција

Камења за „хипиците„ во Маврово кои ни го исчистија ѓубрето кое таму стоело со години

Петре Димитров

Колкава плата има Глигорие Гоговски, генералниот директор на Тетекс

Редакција