еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Oд полноќ изборeн молк: Завршува изборната кампања

По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, закажани за в среда.

На полноќ почнува изборниот молк по што веќе од утре почнува гласањето, кое годинава за првпат ќе трае три дена поради актуелната ситуација со корона вирусот.

Според Роковникот за одржување на изборите, утре ќе гласаат оние кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е определена мерка самоизолација. Тие ќе гласаат во своите домови, а гласањето ќе го спроведе посебен избирачки одбор формиран од Државната изборна комисија (ДИК).

Немоќните и болни лица, хронично болните, времено раселените лица, лицата згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа, како и затворениците и оние кои се во домашен притвор, ќе гласаат во вторник, еден ден пред одржувањето на изборите.

Во среда, на денот на изборите, гласањето ќе започне од 7 часот, но ќе трае до 21 часот, односно ќе биде продолжено два часа подолго за разлика од претходните изборни циклуси.

Граѓаните ќе избираат меѓу кандидатите на 15 коалиции и партии. Право на глас имаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Поради пандемијата со коронавирусот, гласањето ќе се одвива според безбедносни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните подготвени од Комисијата за заразни болести.

Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат, ДИК ќе ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од Општинските изборни комисии (ОИК) во рок од 12 часа по завршување на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК треба да ги објави најдоцна во рок од 24 часа од денот на завршувањето на изборите.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Ќе се гласа за прв пат три дена, почнувајќи од утре

Сите детали: Кој се е во трка за пратеник на престојните избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Може не влеговме во ЕУ ама влеговме во рецесија и во Арачиново“: Твитер реакции за блокадата од Бугарија за Македонија

Редакција

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат од Ковид-19 во Кичево

Редакција

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

Редакција