еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Од расадник за милионери до стечај: Тажен крај за „Технометал Вардар“

Трифун Костовски, Минчо Јорданов, Ристо Гуштеров… Ова се само дел од познатите македонски бизнисмени на кои заедничка нишка им е „Технометал Вардар“. Тие како и многу други познати бизнисмени во земјава почетоците на нивната професионална кариера ги минале во „Технометал Вардар“. Денес, некогашниот гигант е пред затворање со оглед на тоа што веќе е отворена стечајна постапка.

Ексградоначалникот на Скопје, Трифун Костовски кој денес е сопственник на банка, осигурителна компанија и многу други бизниси во земјава и надвор, од 1971-1989 работел во „Технометал-Вардар“ од каде бил испратен и во Варшава како претставник на компанијата.

Потоа, откако ја напушта компанијата и влегува во приватните води во Австрија и Швајцарија, неговата кариера се вивнува и станува еден од побогатите луѓе во Македонија.

Поранешниот вицепремиер Минчо Јорданов од 1989 до 1992 година е директор на претставништвото на „Технометал-Вардар” во СССР.  Исто така, тој потоа ја напушта компанијата и влегува во приватните води по што станува сопственик на капацитети од поранешната скопска железарница, а подоцна и на повеќе други компании меѓу кои „Бетон“ и „Факом“ и ја отвара винаријата „Стоби“.

Меѓу нив е и Ристо Гуштеров кој исто така раните денови на својата кариера ги минал во „Технометал Македонија“ (подоцна „Технометал Вардар“) од каде е испратен како претставник на компанијата во поранешен СССР.

Подоцна, откако го напушта „Технометал Вардар“ преку неговата компанија „Римако“ е присутен во повеќе земји во светот и неговата кариера се развива во нагорна насока.

Во интервју дадено за „Македонско сонце“, Гуштеров вели дека тонењето на „Технометал Вардар“ има корени уште многу одамна.

„Во 1983 година, ЦК на Македонија донесе погрешна одлука. Наместо за нов генерален директор да биде поставен човек од богатиот арсенал на кадри од самата фирма, ЦК на Македонија политички постави генерален директор, кој имаше позиција на извршен секретар, односно човек кој во ниеден елемент немаше капацитет да ја води фирмата кон по на тамошен успех.

Овој погрешен избор по политичка директива беше и најкатастрофалниот чекор, кој фирмата полека но сигурно ја водеше кон пропаст и банкрот. Во тој период од фирмата си заминаа и најуспешните луѓе, што беше фатално за понатамошната егзистенција на фирмата“, вели Гуштеров во интервјуто дадено во 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка меѓу најголемите доверители: Каде ќе заврши атрактивниот имот на „Технометал Вардар“?

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Технометал Вардар“ поради стечај

Блокирана сметката на „Технометал-Вардар“: Стечај и се заканува на компанијата

Фото: Фејсбук/Достоинство Радовиш/Собрание/Стоби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 10 болни од Ковид-19

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти, а вкупно се лекуваaт 675

Редакција

„Слушај сега да ти кажам еден виц за џандари…„: Твитер реакции за Јанакиески, кој полицијата го бараше дома, а тој е во Шутка

Редакција