еМагазин
Image default
Локално

Од струен удар почина вработен во рудник во Радовиш

На 13.03.2019 во 14.20 часот во Полициска станица Радовиш од Итна медицинска помош било пријавено дека вработен во рудник во Радовиш, А.Р.(59) од село Воиславци, додека изведувал работи на трафостаница го удрил струен удар, по што починал, информира МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца повредени во судар меѓу влекач и два автомобили во Битола

Редакција

Пожарникари извадија човечки труп од водите на Вардар

Редакција

(Фото) „Пластичарска улица“ не личи на себе

Редакција