еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

“Од струмички чушки и френки до милион долари“: Инспиративната приказна на Блаже Аризанов

Младиот претприемач Блаже Аризанов деновиве во Македонија ја промовира неговата прва книга „Белиот трофеј“, која е животна приказна за неговиот успех.

Аризанов е роден во струмичкото село Борисово и по завршувањето на Економскиот факултет во Прилеп, најпрво се обидел да стекне практично искуство за тоа што го студирал во некоја од европските земји, но кога не успеал во тоа, решил по пракса во 2011 година да замине во Индија.

Таму најпрво работел како продажен практикант, а во 2016 година заедно со Нанд Сиг и Санчет Сет ја основа старт-ап компанијата StayUncle, агрегатор на хотели за услуги за невенчани двојки.

Имено во Индија е неморално и ризично двојки кои не се венчани да разменуваат нежности во јавноста, па Аризанов и неговите партнери виделе одлична бизнис идеја во оваа табу и истото го претвориле во бизнис.

Нивната идеја предизвика голем интерес во светските медиуми, по што нивниот бизнис доби на цена и почна да прави пари. Според Аризанов нивната компанија денеска вреди милиони, а тој заедно со неговите партнери ќе продолжи да работи на овој проект, кој моментално нуди услуги од хотели од околу 40 градови во Индија.

За во иднина планира среќата да си ја проба и во Естонија, рече тој во неговото неодамнешно интервју за „360 Степени“ на Алсат М.

Фото: Фејсбук/Аризанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непримерно етикетирање на медиуми и од Ковачевски, од Здружението на новинари реакција и за изјавата на премиерот за Ахмети

Редакција

(Фото) МНР се извини: Османи ја пречека колешката Фајон од Словенија, со словачко знаме

Редакција

Д-р Кунгуловски: Британскиот сој на коронавирусот веројатно ќе стане доминантен во Македонија

Редакција