еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Од тензиите во Иран не видовме дека Индија лансираше ракета на Месечината

Растат тензиите меѓу Западот и Иран, а посебно откако Исламската Република објави дека уапсила 17 шпиони на ЦИА и дека дел од нив веќе се осудени на смртна казна.

Иако САД ги негира ваквите тврдења со образложение дека режимот во Иран има долга историја на лажење не треба да се занемари дека станува збор за настан кој може уште повеќе да ги загрее тензиите меѓу двете страни, па дури и да доведе до вооружени судири.

Речиси три месеци траат препукувањата меѓу Техеран и САД, а посебно откако Американците ги зголемија санкциите за Исламската Република.

Не треба да се заборави дека минатата недела Иран во Хормушкиот теснец заплени британски танкер откако британските маринци на 4 јули кај Гибралтар запленија ирански танкер кој, наводно, превезувал сирова нафта во Сирија, прекршувајќи ги санкциите на ЕУ.

Ваквите заплени доаѓаат откако САД се повлече од договорот за нуклеарната програма во Иран, по што Исламската Република реши да му се спротистави на Западот и самоиницијативно да почне со збогатување на ураниум.

Од напливот на тензии на Истокот, кај светската јавност речиси незабележано мина вчершаната информација дека Индија успешно ја лансираше својата втора ракета на Месечината.

Индија се надева дека мисијата, вредна 150 милиони долари, ќе биде првата која слетала на јужниот пол на Месечината.

Иако настанот беше емитуван во живо на телевизија западните медиуми одвоија многу малку простор или воопшто не го покрија, што само укажува колку се изместени приоритетите при известувањето.

Останува само да се надеваме дека тензиите меѓу Иран и Западот ќе спласнат и нема да прераснат во отворен конфликт и дека во иднина лансирањето на ракети за научни цели и слични потфати ќе го добијат заслуженото внимание од светската јавност.

Фото:space.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка отиде во Собрание да гласа

Редакција

Мајката на Мицкоски позитивна на корона вирусот

Редакција

Вознемирувачки снимки од суперќелиската бура која го погоди Балканот, има и неколку жртви

Редакција