еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од Туфи до Хурем: Која беше Билјана Беличанец

еМагазин Ве потсетува на важни детали од професионалниот и приватниот живот на актерката Билјана Беличанец (45), која викендов беше пронајдена мртва, а од полицијата соопштија дека се работи за самоубиство.

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА

Беше родена на 25. јули 1973 година во Скопје. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец.

Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По дипломирањето во 1994 година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.

Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други институции и проекти.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево во 2000 година.

Во 2009 година ја добила наградата за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Добитник е на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

Ќе остане запаметна и по синхронизацијата на македонски на неколку турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Беличанец, краток период беше и во политика.

На локалните избори во 2013 година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, беше избрана за градоначалник на скопската општина Кисела Вода.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Нејзиното мртво тело го пронајде нејзиниот втор сопруг, режисерот Сашо Миленковски.

Беличанец со Миленковски стапи во брак неодамна. Од претходниот има две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски за Беличанец: Тешко ги примаше неправдите, но се трудеше да не го покаже тоа

„Најдобрата“: Калиопи, Џамбазов, Зафирчев, Петрушевска… се простуваат од актерката Беличанец

„Почивај во мир Туфи. Спиј мирно Билјана“: Реакции на Твитер за смртта на актерката Беличанец

Актерката Билјана Беличанец, мајка на две деца, мртва ја пронашол нејзиниот сопруг

Фото: ТВ Нова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Паркинзи на општина Центар купува систем за препознавање возила за два милиони денари

Редакција

Општина Велес вработува седум лица, плата до 37.625 денари

Редакција

Убава вест: Оздравени 372 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција