еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре до сабота температурите во пораст

Од утре до сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Само во дел од котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има в сабота, а од недела ќе биде постудено.

Минималната температура в петок ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

В сабота минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

В недела, како што велат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени Целзиусови.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемени температури и високо УВ-зрачење: Препораки за заштита на здравјето

Редакција

237 нови случаи на Ковид-19 од 1.525 тестирања, најмногу во Скопје 123

Редакција

Ковачевски: Нè очекува економски неизвесна година, земјава е безбедна

Редакција