еМагазин
Image default
Македонија

Од утре се укинува забраната за движење во шума и на шумско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на 16 април 2020 година.

-Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, на барање на ЈП „Национални шуми“, ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште.

Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште стапува во сила од утре, 24 април 2020, информира МЗШВ.

ЈП „Национални шуми“ ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со шумите и движењето на граѓаните (рекреативците и сите што извршуваат шумско културни активности).

Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

– Ги потсетуваме сите граѓани дека согласно член 46 од Законот за земјоделско земјиште и член 23 од Законот за ловство, забрането е палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор, велат од Министерството.

МЗШВ апелира граѓаните одговорно да се однесуваат додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забраната за движење во шуми не ги опфаќа заштитените подрачја Водно, Гази Баба и другите национални паркови

Планинарите и рекреативците бараат укинување на забраната за движење во шума

Во црква може, во шума не може: Чудната логика предизвика „социјален пожар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Морничави детали: Албанец од Македонија со нож ја уби сопругата во Швајцарија

Редакција

Пред пратениците денеска законските измени за набавка на лекови

Редакција

Обвинетите ќе изведуваат докази за „27 април“

Редакција