еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од вечер дожд и силен ветер со брзина над 80 километри на час

Од попладне во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјата.

Во текот на ноќта и утре, врнежите ќе бидат пообилни, од 20 до 30 литри на метар квадратен, а локално ќе има и невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер кој ќе достигне брзина над 80 километри на час.

Денеска во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер со брзина од над 70 км/час од јужен правец, особено во источните делови.

Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта и утре претпладне. Ќе дува повремено силен ветер.

Нестабилноста на невремето е резултат на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 42,85%

Редакција

Почнуваат преговорите со Грција за трговските ознаки: Македонски ќе бидат и нашите и грчките вина

Редакција

Бранко Грегановиќ ќе ја води НЛБ Банка Скопје: Што пишува во неговата биографија

Редакција