еМагазин
Image default
Македонија

Од Владата велат дека со внимание и сериозност пристапуваат по сите одлуки и препораки на УНЕСКО

Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк беа причина УНЕСКО да испрати мониторинг мисија во април 2017 година. Од почетокот на својот мандат, Владата активно се посвети на решавање на проблемите во регионот, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, велат од Владата.

Оваа предлог одлука, соопштува владината прес служба, која не е финална, треба да биде стимул за сите институции и за граѓаните да се работи со поголем интензитет за да го зачуваме нашето уникатно светско наследство. Владата смета дека е остварено поместување во исполнување на препораките, и дека крајната одлука треба тоа јасно да го рефлектира.

-Преостанува уште работа и во наредниот период фокусот ќе биде ставен на исполнување на останатите препораки на УНЕСКО и тоа мора да биде остварено бидејќи природното и културно наследство на охридскиот регион не припаѓа само нашата земја, туку на целиот свет, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНЕСКО препорача Охрид да биде ставен на листата загрозени светски наследства и бара мораторум на градењето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски и владина делегацијa на Конференцијата за безбедност во Минхен

Редакција

Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија: Кои се спорните одредби?

Редакција

Се укинува домашната изолација за повратниците од странство, останува карантинот

Редакција