еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема 2/3 мнозинство, бараат гласање за да се види тоа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски со нецелосна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција во македонското Собрание, на која рече дека власта не успеала да обезбеди двотретинско мнозинство и побара претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја стави точката за промена на Уставот на гласање за да се види дека за неа нема гласат доволен број на пратеници.

“Поминаа 19 дена од референдумот на кој народот јасно се изјасни дека нема одлука за мандат за уставни измени. Гледаме дека власта одолговлекува со седницата. Деветнаесет дена се одолговлекува точката да се стави на дневен ред за гласање затоа што владеачкото мнозинство е свесно дека за пратениците е поважно волјата на народот, отколку притисиците на кои се изложени. Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недавањето мандат за уставни измени“, изјави Милошоски.

На новинарското прашање дали е точно дека седуммина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени, Милошоски одговори дека владечкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и „самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата на народот“.

Денешната расправа требаше да почне во 12 часот, па потоа беше одложена за во 15 часот.

Во Собранието денеска беа присутни и двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за настаните од 27.април во македонското Собрание, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, а и поранешниот лидер на партијата, а сега пратеник, Никола Груевски.

Дел од медиумите пак неофицијално објавија дека има обезбедено мнозинство од најмалку 80 пратеници, за да може да почне процедурата за измената на македонскиот Устав, што е предвидено со договорот за името со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораз во очите на преполовената група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

И Крсто Мукоски излегува од притвор

Амнестија во живо

Уште колку пратеници фалат за да поминат уставните измени во Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Поради високите цени, млади „окупираа“ супермаркет во Солун

Редакција

Министерство за правда во 2019 година, не дало одобрение за употреба на името Иван Михајлов, вели Дескоска

Редакција

(ВИДЕО) „Here I stand“: Објавена песната со која Македонија ќе учествува на Евровизија

Редакција