еМагазин
Image default
Македонија

Одбележани 76 години од стрелањето на 12. младинци од Ваташа

Седумдесет и шест години од стрелањето на ваташките младинци беа одбележани денеска во месноста Моклиште, Кавадаречко.

„Во долгата и тешка историја на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето и долга низа години ќе се пренесуваат од генерација на генерација.

Настан кој никогаш не може да биде избришан од меморијата на народот од овој крај, е и масакрот на 12 младинци од селото Ваташа“, рече Марија Михова, кустос историчар при Музеј галерија Кавадарци.

Таа потсети дека Ваташа во текот на својата бурна историја даде плејада на револуционери и борци за слобода во времето на Народноослободителната војна и Револуцијата, од 1941 до 1945 година.

МИА/Фото: РТК/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Благој Нацоски со песна потсети дека Бугарија му должи извинување на македонскиот народ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Насилство во Центар“ одложено за 10 септември, ќе се чека одлуката за Јанева

Редакција

(ВИДЕО) Од „Македонија блокира“ му ја пееја „Едно име имаме“ на Крсто Мукоски пред неговиот дом

Редакција

Министерот за транспорт Горан Сугарески не очекува да го „потфати“ метлата на премиерот Заев

Редакција