еМагазин
Image default
Македонија

Одбиена жалбата на екс-директорот на УБК, Атанасовски за притворот од 30 дена

Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски за одредување на мерката притвор во траење од 30 дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот В.А. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбата како и фактите и доказите во предлогот донесе решение со кое ја одби  жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка“, соопшти Кривичниот суд.

Атанасовски се товари за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“. Притворот од 30 дена на 5 декември му го одреди судија на претходна постапка поради инволвираност во настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Притворот е побаран поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притворениот екс директор на УБК, Атанасовски неможе да се сети кај се бил на 27 април

Кој е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК кој заврши во притвор

Фото: УБК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ: „Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“, тоа е речникот на Мицкоски

Редакција

Започнува судењето за Жан Митрев и неговата болница

Редакција

Мицкоски: Уште трае анализата за собирање потписи, во следниот период ќе се консултирам со експерти од оваа област

Редакција