еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиено и второто барање на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

– Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Решението веќе е доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението Кочан е долежн веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

Сеад Кочан требаше да се јави на издржување на затворската казна на 17 јули, откако Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие неговото барање за одложување.

Во меѓувреме, тој поднесе друго барање за одложување на издржување на казната поради болест, што исто така, е одбиено.

Сеад Кочан е осуден поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација.

Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна првично доби шест години казна затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на четири години и осум месеци.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се изготвуваат решенија за преземање на одземениот имот на Сеад Кочан

„Јас стварно незнам зошто се уште сме држава, а не нечиј протекторат„: Твитер реакции за одложеното заминување на Сеад Кочан во затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 17 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.470

Редакција

Нема бонуси за членовите на ДИК за изборите, нема пари и за членовите на ОИК и ИО ако не одат на едукација

Редакција