еМагазин
Image default
Македонија

Судот не му го дава пасошот на Орце Камчев

Судија на претходна постапка го одби како неоснован предлогот на Јордан Камчев за укинување на мерката на претпазливост.

– До судија на претходна постапка, кој постапува по предлог на Ј.К. од Скопје за укинување на мерки за претпазливост, од надлежниот јавен обвинител доставено е негативно мислење во однос на предлогот.

Ценејќи го мислењето и сите факти и аргументи во предлогот судијата на 05.12.2019 донесе решение со кое: Предлогот на осомниченото лице Ј.К. од Скопје, за укинување на мерката на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје од 27.12.2018 година, со предлог за определување гаранција со востановување на заложно право – хипотека над недвижен имот е одбиен како неоснован, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Против ова решение, како што е наведено во соопштениeто, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев се „отвори“ како сведок на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

Орце Камчев дојде сам на судењето за „Рекет“, неговата сопруга Ана била болна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на Полициската станица во Струга

Редакција

Три лица од Албанија илегално влегле во Македонија и се шетале за време на полициски час

Редакција

Јотова: Палењето на Центарот за култура во Битола е уште една провокација и дел од антибугарската кампања

Редакција