еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната смета дека по исказот на Заев треба да се повлече обвинението за 27 април против Вељаноски, Ристовски и Јанакиески

Ако првиот човек на државата во изминатите четири години како премиер, со пристап до сите безбедносни информации, каже дека организатори за настаните од 27 април сигурно не се Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Трајко Вељаноски, мислам дека е сосема релевантна информација која може да се земе предвид и треба ова обвинение во таа насока и да оди, односно истото да биде повлечено, изјави по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието на 27 април, адвокатот Еленко Миланов.

Прашан дали го изненадил ваквиот исказ на премиерот Зоран Заев, Миланов, рече дека иако е сведок на одбраната, немаат пристап и можност за негов распит и да им даде појаснување на одговорите.

„И ние бевме изненадени од неговиот исказ, но сепак искреноста е добредојдена“, изјави Миланов, кој е бранител на Трајко Вељаноски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Русковска: Премиерот Заев беше викнат во својство на сведок, не како вешто лице да дава свое мислење

Заев: Главен организатор на „27 април“ е Груевски, а не Јанакиески, Ристовски и Вељановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Во четврток одлука за евентуално враќање на рестриктивните мерки

Редакција

Единаесет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, заболена и една наставничка

Редакција

Детална листа: Владата донесе нови мерки и препораки за превенција на корона вирусот

Редакција