еМагазин
Image default
Бизнис

Одлични резултати на „Алкалоид“: Раст на добивката и 144 нови вработувања

Остварените единечни вкупни приходи на „Алкалоид“ АД Скопје во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 5.791.022.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварената единечна нето добивка во 2018 година изнесува 611.467.000 денари и во споредба со остварената во 2017 година бележи зголемување за 8% Остварената консолидирана нето добивка во 2018 година изнесува 587.393.000 денари и во споредба со остварената во 2017 година бележи зголемување за 6%.

„Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 7%. Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 7.398.630.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 9%“, информираат од компанијата.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 5.134.228.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 873.482.000 денари.

Во периодот јануари – септември 2018 година во „Алкалоид“ се реализирани 144 нови вработувања во Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 11 години, компанијата Алкалоид вложила 1,35 милиони евра во стипендирање лекари и фармацевти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заразата од Ковид-19 повторно се разгорува во штипските конфекции

Редакција

Синиша Најденов на местото на Зоран Илоски во Одборот на директори на „Пелистерка“

Редакција

Комерцијална банка меѓу најголемите доверители: Каде ќе заврши атрактивниот имот на „Технометал Вардар“?

Редакција