еМагазин
Image default
Бизнис

Одлични резултати на „Витаминка“: Зголемени приходи за 32 отсто и 50 нови вработувања

П.И „Витаминка“ АД Прилеп за периодот јануари – декември 2018 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза. .

Остварените единечни вкупни приходи во 2018 година изнесуваат 2.295.237.000 денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 32%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 33%.

Остварените единечни вкупни расходи во 2018 година изнесуваат 2.337.181.000 денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 39%.

Во периодот јануари – декември 2018 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп реализирани се дополнителни  50 нови вработувања.

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ го исплати откупеното грозје од бербата 2018

Редакција

Штетата од пожарите огромна: Изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Редакција

Нема воз Скопје-Табановце, бидејќи нема машиновозачи

Редакција