еМагазин
Image default
Македонија

Одложено оценувањето на обвинителниот акт за настаните од 27 април

Одбраната од предметот за настаните од 27 април наместо да ги образложи приговорите на седницата за оцена на обвинителниот акт, побара изземање на еден судија – член на Советот за оцена, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

По разгледување и ценење на барањето, претседателот на Судот го одби барањето како неосновано.

„Согласно член 36 ст. 7 од ЗКП: Решението со кое се одбива барањето за изземање може да се побива со посебна жалба во рок од три дена на донесување на решението, а ако таквото решение е донесено по потврдено обвинение, тогаш само со жалба на пресудата“, се наведува во соопштението.

Советот за оцена го одложи дненешното рочиште за 23 декември со цел да се испочитува законски утврдениот рок за жалба на одбраната до повисокиот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изјавата на Касами е дискриминаторска за македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Боки 13 имал дупка во желудник, ако не бил опериран ќе настанела сепса, вели неговиот адвокат

Редакција

Во Прилеп нема новозаболени од корона вирусот, но има казни за неносење маски

Редакција