еМагазин
Image default
Македонија

Одложено судењето за ТНТ, нарушена здравствената состојба на обвинета во случајот

Судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, „ТНТ“ се одложи за 28 ноември, поради нарушена здравствена состојба на една од обвинетите во случајот.

Бранителката на обвинетата Александра Аврамовска-Димитриевска, рече дека утринава, видно растревожен, и се јавил нејзиниот сопруг, кој ја информирал дека Александра со нарушена здравствена состојба и обилно крварење била пренесеа во болница.

Судијата Огнен Ставрев, информира дека ќе ја почека медицинската документација и потоа ќе извести како ќе продолжи постапката.

На денешното рочиште требаше да бидат сослушани сведоците Павле Гацов, Милорад Јовановски и Владимир Гаговски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го демантира Мицкоски дека полицијата не била присутна при инцидентот кај споменикот „Скендербег“

Редакција

Откако беа оштетени таблите: Спомениците во Скопје ќе бидат под засилен надзор

Редакција

Села ја откажа средбата со Заев поради одземените надлежности на Таравари

Редакција