еМагазин
Image default
Бизнис

Одложено судското рочиште за стечај на штипски „Бетон“

Во Основниот суд во Штип денеска е одложено судското рочиште за отворање или не на стечајна постапка за градежната компанија „Бетон“.

Судијата, Маја Џорлева од Основниот суд во Штип кој го води предметот вели дека причината за одлагањето е се уште не готовиот извештај на привремениот стечаен управник Драги Димовски од Струмица кој има, како што вели, обемна работа за подготовка на овој извештај, бидејќи мора и да изанализира околу 30 имотни листа, односно објекти т.е. недвижен имот што се во сопственост на компанијата „Бетон“. Затоа се дава и рок на привремениот стечаен управник да го направи извештајот, а рочиштето е презакажано за 2 јули.

Тројца доверители бараат отворање стечајна постапка за компанијата „Бетон“, но со отворањето на извештајот на 2 јули ќе се знае колкав е долгот и побарувањето на оваа компанија.

Судијата има одредено и времена мерка, односно забрана за располагање на имотот и за негово извршување. Џорлева појаснува дека со оваа мерка имотот на „Бетон“ не може да се продаде, ниту, пак, да се наплати долг преку извршители.

Компанијата „Бетон“ пред неколку години беше втора по големина градежна компанија во земјава, а на јавноста и е позната како најголем корисник на тендерите за проектот „Скопје 2014“ за што заработи и 55 милиони евра. Оваа компанија беше споменувана и во „бомбите“ кои како доказен материјал завршија во Специјалното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доставено барање за стечај на штипски „Бетон“

Стечај му се заканува на „Бетон-Штип“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Еуровиа од Желино вреден над 2 милиони евра

Редакција

Скопски Бетон во првите три месеци работел со загуба

Редакција

Убава вест за акционерите: „Алкалоид“ ќе почне со исплата на дивиденда на 22 мај

Редакција