еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одлуки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен, на избори само со „Пржинска влада„

ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот, а договорот од Преспа го смета за политички мртов и празно слово на хартија, изјави потпретседателот на партијата Александар Николовски по синоќешниот неколкучасовен состанок на Извршниот комитет на кој се расправало за одржаниот референдум и политичката ситуација во земјата.

– ИК на ВМРО-ДМНЕ донесе заклучок референдумот да го прогласи за неуспешен, имајќи предвид дека излегоа само 36 проценти од гласачите што ја покажува јасната волја на народот против прифаќање на овој договор. Референдумот беше со бројни нерегуларности. Констатиравме дека согласно анализата направена од нашиот тим преку 50 илјади ливчиња беа фрлени во гласачките кутии, понатака се заплашуваа граѓани, имаше обиди за поткуп, влијание врз гласачи, кршење на молк и други нерегуларности со што бевме сведоци на еден целосно недемократски и криминален процес, рече Николовски.

Упати порака до власта, како што наведе, да престане со шиканирање, разместување и бркање од работа на сите оние коишто одлучија да гласаат „против“ или да не излезат на референдумот.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучил да се формира во Анкетна комисија во Собранието која ќе ги разгледува сите неправилности и нерегуларности на денот на референдумот. Бара разрешување на актуелниот јавен обвинител и избор на нов на предлог на опозицијата кој ќе треба да се позанимава со сите референдумски нерегуларности.

Во врска со рапишувањето предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ бара претходно да се формира техничка влада по „Пржинскиот модел“ со мандат од 100 дена.

– Тоа значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска, и министри за внатрешни и за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ 100 дена. Само тоа ќе е предуслов за колку толку фер избори, рече Николовски.

На прашање дали имаат контрола врз сите пратеници, Николовски рече дека не ја сфаќаат така ниту политиката, ниту партијата.

– Сметам дека никој врз никого не треба да има контрола. Напротив сметам дека во еден демократски процес треба да се носат одлуки во рамки на партија и на пратеничка група, рече Николовски и нагласи дека пратеничката група е единствена.

Во однос на предвремените избори, посочи дека целата битка против договорот од Преспа ја воделе за зачувување на уставното име на Република Македонија, а не за власт.

– Очигледно Заев го потпишал договорот за да остане на власт, а дошол на власт со ветување некаде дека ќе потпише договор којшто ќе значи преименување на Република Македонија. Ние на тој начинне ги сфаќаме работите и затоа се боревме и се бориме за зачувување на името на Република Македонија и со резултатите од референдумот се изборивме, рече Николовски.

На прашање дали ќе разреши неколку членови од ИК, затоа што синоќа не присуствуваше Митко Јанчев, Николовски одговори дека ИК нема ингеренции да разрешува членови затоа што тоа е работа на Централниот комитет. Рече дека Јанчев е болен, дека комуницирал со него пред состанокот и му посакува добро здравје.

На прашањето како ќе ја коментира препораката од партијата не германската канцеларка Ангела Меркел процесот да продолжи во Собранието, Николовски одговори дека ги почитуваат сите пораки од меѓународната заедница и сметаат дека се пријателски и се пораки што и мислат добро на Република Македонија.

– Но, овде проблемот не е ни ВМРО-ДПМНЕ, ниту меѓународната заедница, туку се Зоран Заев и Никола Димитров кои потпишаа договор што не можат да го реализираат затоа што не одговара на Република Македонија и е против интересите на граѓаните и таа волја беше искажана на референдумот и ние ја почитуваме, истакна Николовски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ева Заева и Душко Чифлиганец на одмор во Бали

Редакција

Покренато обвинение за три лица за „Рекет“: Јанева зела 50.000 евра, а Боки 13 и Кичеец 1,5 милиони евра од Камчев

Редакција

Вкупно 26 заболени од корона вирусот: Позитивни се резултатите и на тројца пациенти тестирани во „Жан Митрев“

Редакција