еМагазин
Image default
Македонија

Одоложено судењето за „Топлик“ на СЈО

Во Кривичниот суд не се одржа за денеска закажаното рочиште за случајот „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“.

Продолжението на судењето ќе биде дополнително закажано. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари, односно за милион и 44.000 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството бара повисока казна за сопственикот на „ДоказМ“, а одбраната укинување на пресудата

Редакција

Поглаварите на верските заедници апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат

Редакција

Државна ревизија се сомнева во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за труд и социјална политика

Редакција