еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Одрон од земја и камења причина за излетување на возот од шините кај Падалишта

Од првичниот увид на внатрешната контрола на Македонски Железници по незгодата која утринскиот воз на релација Кичево- Скопје ја имаше кај селото Падалиште има оштетен мотор и излетување од шините. За среќа во оваа незгода нема повредени лица.

– Возот навреме е тргнат од станицата во Кичево. Композицијата налетала на одрон и карпа и за среќа нема повредени лица. Наскоро се очекува да биде направена и проценка на штетата, изјави Спире Најдески од внатрешната контрола на МЖ.

Според објаснувањата на контролорите кои вршеа увид, местото кое се наоѓа помеѓу двата тунела кај село Падалиште е подложно на одрони и ерозија. За да се избегнат вакви непријатни ситуации, на овој терен треба почесто да се вршат контроли и потенцијалните одрони навреме да се санираат.

Според нивните кажувања, одроните особено во овој период се зачестени и потребна е дополнителна претпазливост. Заради ваквата опасност, машиновозачите низ овој реон возат со намалени брзини.

Во патничкиот воз 71201 (шинобус) утрово околу 6:05 со педесетина патници налетал на одрон од земја и камања. Патниците биле префрлени до гостиварската станица. Од ударот композицијата излетала од шините, а сообраќајот на релацијата Гостивар-Кичево е во прекин.

Во текот на денот се очекува специјални машини да го вратат возот на шини и да се озовозможи редовен сообраќај.

МИА/Фото: Министерство за транспорт и врски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патнички воз излета од пруга кај Лакавица, нема повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерцедесот дизајниран од нашиот Славче Таневски кој работи во Mercedes-Benz, е еден од најпродаваните модели

Редакција

Утре повремен дожд, од понеделник поројни врнежи

Редакција

Која е Елизабета Наумовска, новиот заменик-министер за образование и наука

Редакција