еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Официјално: Нови 101 заболени од корона вирусот, од кои најголем број 59 во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Последната дистрибуција по градови е следната Скопје 987, активни 396, Куманово 481, активни 66, Дебар 51, активни 0, Штип 111, активни 76, Прилеп 213, активни 30, Тетово 236, активни 82, Струга 90, активни 18, Велес 133, активни 28, Битола 28, активни 3, Охрид 24, активни 7, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 32, активни 11, Гевгелија 4, активни 0, Струмица 4, активни 2, Крива Паланка 6, активни 0, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 41, активни 10, Пробиштип 5, активни 3, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0, Пехчево 3, активни 0, Берово 1, активни 0, Валандово 2, активни 1, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 2, активни 2, Кичево 3, активни 1, Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

“Направените 974 теста се преку: Институт за јавно здравје –434, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена –88, Биотек -129, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода -89 и МАНУ -93.

Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на Ковид -19.

Во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 34 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат 11 пациенти.

На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 10 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.605

Поради тие што не веруваат во корона вирусот нема ни да можеме да излеземе од Македонија

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запленети 50.600 евра на скопскиот Аеродром кај патник од Турција

Редакција

ЕСМ Дистрибуција на топлина склучи договор со “Вортекс ЕД“ вреден 7,6 милиони евра

Редакција

“Самоопределување“ не е регистрирана во Македонија и неможе да учествува на изборите, вели претседателот на косовската партија, Курти

Редакција