еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Официјално од МВР: Македонските граѓани може да влегуваат во Грција

Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку ГП „Евзони“, информираат од МВР

„Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП „Евзони“ со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест.

Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ.

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа,“ се вели во соопштението на МВР.

Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Службен весник на Грција објавена одлуката за дозволен влез на македонските граѓани

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет стана, четири куќи и пет автомобили: Каков имот пријавил директорот на Инспекторатот за градежништво, за кој Антикорупциска бара кривична одговорност

Редакција

Двајца лекари и две сестри од кумановската болница позитивни на коронавирусот

Редакција

Ги чуваат 3,5 илјади полицајци: Прв самит Бајден-Путин во Женева

Редакција