еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Официјално: Предметите од СЈО преминуваат во Јавно обвинителство

Јавното обвинителство одлучи да ги преземе предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Јавното обвинителство на одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Ваквиот став е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и  обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем, почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.

Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев: Јанева не може да ги отстапува предметите, нема политичка волја СЈО да продолжи да работи

Поранешниот обвинител Наков: Полномошното на Јанева нема никаква правна важност

Камбовски: Јавнто обвинителство може да ги преземе предметите на СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Ој, Вардаре македонски“ во изведба на Марија Спасовска шеста нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Се менува структурата: Најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители кај лица на возраст од 50-59 години

Редакција

Бигорски манастир нема да прима верници, објави распоред на богослужбите кои ќе бидат пренесувани онлајн во живо

Редакција