еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Oгласот за субвенции за печки на пелети ќе биде објавен утре

Министерството за економија од почетокот на оваа недела започна со објавување на јавните повици кои се предвидени во годишните програми, информираше на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Утре ќе биде објавен огласот кој се однесува за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.

„Согласно овој јавен повик е предвидено на граѓаните кои ќе купат печки на пелети да им се овозможи надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2020 година. Вкупниот износ на средства кој се предвидено во овој јавен оглас е 11 милкиони денари.

Како и на претходниот оглас, воедно со овој јавен повик се дава можност за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања. За овој вид на апликанти предвидено се 3 милиони денари.

Право на учество ќе имаат лицата кои ќе купат печка на пелети во своето домаќинство во периодот од 1 јануари 2020 година заклучно со 06.03.2020 година и ќе ја достават потребната документација наведена во Јавниот оглас,“ информираше министерот.

Сите субвенции ќе се доделуваат по принципот „прв дојден прв услужен’’.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработените во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме

Редакција

Владата предлага нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи како и измени во законите за акцизата

Редакција

Инфлацијата забавува, но и понатаму е висока во споредба со историскиот просек, велат од Народна банка

Редакција