еМагазин
Image default
Македонија

Огнен Јанески: Грешни химни, грешни знамиња на држави, срамови на сите страни, некој нека го исклучи светлото во државава!

Во врска со актуелните случувања со интонирањето на македонската химна од страна на пејачката Тамара Тодевска, утнувањето на знамето на Франција во Општина Охрид… на својот Фејсбук профил се осврна и поранешниот главен и одговорен уредник на телевизијата 24 и активист, Огнен Јанески.

„Леле, аман некој нека го исклучи светлото во државава!

Правдата од достижна, стигна до скоро непостоечка! Грешни Химни, грешни знамиња на држави, никаков протокол, срамови на сите страни. Мислат дека со извинувања до небо можат да се избават од гревовите! Но, тоа е се’ последица на многугодишната неказнивост! Небото не е ни граница за човековата глупавост! Никој не понесува одговорност, никој никого не почитува. Секој се меша каде што не му е местото. Влада пушта соопштение за пејачка која пеела грешна Химна на приватен настан на странска амбасада, чиниш државна службеничка е. Се’ е тргнато по ѓаволите.

Никогаш нема да зажалам за километрите изодени по протести и за спринтовите истрчани поради бесни „желки“ и полицајци кои ме бркале и ме тепале по улици само затоа што сум сакал да се променат нештата и сум успеал во тоа. И повторно би го правел тоа!

Нит ме интересира кој е на власт – нит ме интересира кого познавам од тие што се или биле на власт.

Во претходната имав роднини и блиски пријатели, а во оваа само пријатели, без роднини.

Но, се’ тоа ќе заборавам за миг, штом ми чепкате, копате и роварите постојано кон личното, кон семејното, кон најблиското, само поради локални, селски и кооперациско-шерифски политики на анонимуси изветвени уште пред да го видат Сонцето.

Вие мене најблиското – семејството, а јас вам најљубеното – парите и функциите.

И повторно ќе ве победиме. И вие ќе паднете. И следните ќе паднат. Се’ додека не се научи некој дека оваа крава молзница не може млеко да дава постојано за истите, а на мнозинството да им го шутира копитото.

Можете до утре да ни прекинувате струја и да ни сечете цевки за доток на вода со надеж дека ќе ја уништите уметноста и културата, но, тоа не значи дека некој ќе не’ уплаши. Уплашени сте само вие, зашто сте нискофреквентни, неизреализирани, мали луѓе.

Ars longa – vita brevis!“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Садула, Латас, Тамара: Дотолчена разнишаната верба на Македонците во државата

„Како Гоце Делчев „исчезна“ од химната на Северна Македонија“: Тамара и македонската химна топ тема во регионов

(ВИДЕО) Како Тамара лани без „грешка“ ја интонираше македонската химна

„Најубаво на странциве што идат кај нас да им кажеме сами да си носат знаме“: Твитер реакции за дочекот на францускиот амбасадор Тимоние во Охрид со холандско знаме

Фото: Фејсбук/Јанески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Градоначалникот Стевчо Јакимовски ставен на „црната листа“ на САД

Редакција

Над половина од документите во земјава сменети со новото име

Редакција

По информацијата дека можеби недостасува еден преживеан, обвинителствата во Македонија и Бугарија ќе ги споредуваат листите на патниците од граничните премини

Редакција