еМагазин
Image default
Локално

Ограбено 10-годишно дете на Кеј

Десетгодишно дете вчера било ограбено на „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје.

МВР соопшти дека вчера во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Г.М. (45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ две непознати лица извршиле разбојништво во обид врз неговиот десетгодишен син.

Додека детето се движело лицата му се доближиле и му се заканиле да ја соблече маицата, по што еден од нив извадил нож. Детето се исплашило и почнал да бара помош, а лицата побегнале во непознат правец, додава МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млад велешанец пронајден мртов во Охрид

Редакција

Скопјанец изел ќотек од двајца мажи и жена

Редакција

Скопјанка пријавила дека сосед физички ги нападнал нејзините деца

Редакција