еМагазин
Image default
Локално

Охриѓани загрижени да не ги „окупираат“ викендаши пред продолжениот празничен полициски час

Одлуката за воведување целосен полициски час во кризните жаришта зафатени со корона вирусот за продолжениот викенд наиде на реакции кај граѓаните на Охрид на социјалните мрежи, кои стравуваат дека парцијалните одлуки за забрана за движење во Охрид ќе го наполни градот токму со граѓаните од местата каде има најмногу заразени со Ковид-19.

Охрид е меѓу градовите каде на сила викендов е делумен полициски час, односно забраната за движење ќе важи вечерва од 21 часот до 5 наутро, додека во останатите денови на викендот од 16 часот попладне до 5 часот наутро.

Угостителите во Охрид пак сметаат дека тоа ќе биде прва можност после олабавувањето на мерките да ги наполнат своите локали онолку колку што дозволуват протоколите за спречување на ширењето на заразата, но сигурно повеќе отколку во обичните денови кога се релативно слабо посетени.

Иако локалите можат да работат до 22 часот, граѓаните на Охрид воглавно се воздржуваат да одат по кафеаните, уште помалку во рестораните. Може да се забележи посетеност на најпопуларните тераси каде се пие кафе, но посетеноста е далеку од вообичаеното за овој период минатите години.

На социјалните мрежи веќе се забележува и зголемен интерес за закуп на апартмани во градот за викендот.

Одговорното однесување на Охриѓани за време на најстрогите мерки за справување со последиците од епидемијата резултираа со релативно мал број инфицирани лица во градот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Не можеш по Чаир, удри по Скопје„: Твитер реакции за враќањето на полицискиот час

Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гром удри во штала на битолчанец, пожарот ги пеплоса објектот и добитокот

Редакција

Уапсен млад Делчевец за обљуба врз негова роднина

Редакција

Меѓународен бизнис самит во Скопје

Редакција