еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници

Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални избори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Во трите општини избирачот, покрај ливчето за претседател, добива и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори.

За гласањето на локалните избори, избирачот се потпишува во изводот од избирачки список наменет за локалните избори.

Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Петмина кандидати поднеле кандидатури за предвремените избори за градоначалник на Охрид, а по двајца за градоначалници на Ново Село и Дебар.

Во трката за градоначалник на Охрид се Нихаил Трендафилов-Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од Движењето Беса.

За испразнетото градоначалничко место во Ново Село кандидати се Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ.

Во трката за градоначалник на Дебар ќе учествуваат дебарските доктори, Хекуран Дука, кој е кандидат на ДУИ, и Арбен Аголи на Алијасата за Албанците, поддржан од Движењето Беса.

Вториот круг на предвремените локални избори за овие три општини ќе се одржи заедно со претседателските на 5 мај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Калајџиев: Јанева не може да ги отстапува предметите, нема политичка волја СЈО да продолжи да работи

Редакција

За руската агенција „Спутник“ земјава е „С. Македонија“

Редакција

Љубчо Георгиевски: Ултиматум од Бугарската влада е суспендирање на Договорот за добрососедство

Редакција