еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, ако не УНЕСКО ќе го стави на листата на загрозени подрачја

Охрид и охридскиот регион за сега се спасија за да не завршат на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО.

Општината Охрид и Македонија имаат рок до февруари 2020 година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, решија од УНЕСКО на 43. сесија во Баку, Азербејџан.

Македонската делегација на сесијата, во чиј состав беше министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, ги информирала експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградби и дека до поставениот рок ќе може да ги спроведе препораките.

Во заштитениот појас на Охрид, има 409 дивоградби, информираа неодамна од Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дивоградби во Охрид на секој чекор: Во заштитениот појас 409 нелегални градби

Владата си даде рокови за да постапува по барањата на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион

(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид

Твитер „полуде“: „Најубаво ќе биде ДУИ да ги заштитиме во УНЕСКО, секако никој ништо не им може“

Општина Охрид: Забелешките на УНЕСКО ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За пари од платената политичка програма за изборите се пријавиле 242 медиума од кои 159 портали

Редакција

(Фото) Вработени во американската амбасада учеа како се прави ајвар

Редакција

Од куќа во Скопје украдени речиси еден милион евра чувани во ќеси

Редакција