еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Охрид оставен на мафијата: Колку прсти на двете раце имате Вие господине Адеми?

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на министерот без ресор Едмонд Адеми дека на прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид.

Во интервју за Радио Слободна Европа тој рече дека најголем дел од 409 градби регистрирани во Охрид не се сите цврста градба, во смисла куќи и хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали.

Судејќи по реакциите, македонскиот народ веднаш препозна дека Адеми цитирајќи го актуелното раководство во општина Охрид со ваквата изјава сака да ја релативизира катастрофалната состојба во која се најде едно од најстарите езера во Европа и да ја префрли вината на претходната власт иако е очигледно дека Владата на СДСМ и ДУИ, која повеќе од две години ја држи власта во земјава не направи ништо за да се поправи загрозениот статус на Охридското езеро.

Граѓаните со неверување прашуваат како може владин министер да тврди дека состојбата во Охрид не е толку страшна и дека следува борба против дивоградбите кога истовремено градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко свечено ја отвори дивоизградената пицерија на советникот на ДУИ, Нефи Усеини.

Уште поневеројатен е односот на Усеини кон новинарите кој ги советуваше да не се занимаваат со неговата дивоградба кај Чинарот во Охрид, туку да се интересираат за други дивоградби.

Затоа логично е прашањето дали господинот Адеми и функционерите од Владата  воопшто прошетале до Охрид за да видат што се случува на крајбрежјето на езерото.

Дали тие знаат дека прв пат среде летна сезона во Охрид осамна знак за забрането капење во езерото?

Имено, туристите не смеат да пливаат кај плажите кои се протегаат од Самоиловата тврдина кон камповите Партизан и Младост поради отпадните води од колекторскиот систем, бидејќи општината воведе забраната по налог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Срамота е тоа што актуелната власт наместо решителна акција за спас на ова наше природно богатсво се обидува на граѓаните да им продаде некаква си борба за зачувување на статусот во УНЕСКО, а истовремено ги заштитува локалните пајташи кои кривично треба да одговараат за уништување на крајбрежјето, организирано палење на трската и целосно нарушување на природата и урбанистичките планови во Охрид.

Доколку Владата не собере храброст да истурка кривични пријави, затворски казни и да побара одговорност од локалните шерифи кои го уништуваат Охридското езеро за лична корист извесно е дека тоа ќе и се удри од глава, а уште поизвесно е дека и тие што дозволиле ваква катаклизма ќе треба да понесат одговорност, бидејќи законите кога-тогаш ќе мора да се почитуваат без разлика дали е некој советник од ДУИ или е на некоја друга државна функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Едмонд Адеми, кој е во фокусот на јавноста за дивоградбите во Охрид

Според Едмонд Адеми на прсти се броеле големите дивоградби во Охрид

Милчин до Адеми: Пицеријата кај чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?

Адеми до Милчин: Јас не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот

„А малите и средните?“: Твитер за изјавата на Адеми дека големите дивоградби во Охрид се броеле на прсти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор

Редакција

(ВИДЕО) Илјадници муслимани во Бангладеш на молитва за светски мир

Редакција

Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание

Редакција