еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Охрид СОС со реакција за Лагадин: СДСМ ќе биде партијата која ќе го однесе регионот на Листата на светско наследство во опасност

Активисти на граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ во јавно обраќање до в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, реагираат за нападите врз нив, во кои тој ги набедува дека „ненавремено“ реагирале при носење на урбанистичко-планската документација за Лагадин.

„Дали се потрудивте да се информирате колку, и дали воопшто, јавноста била ефективно известена за носењето на спорните документи; дали било обезбедено нејзиното присуство?

Не, не сте се потрудиле да се информирате, бидејќи ако се потрудевте да ги добиете овие информации ќе знаевте дека во Лагадин живеат и охриѓани и тоа во текот на целата година.

Охриѓани кои на никаков начин не биле известени за носењето на спорната урбанистичко-планска документација за тој потег за која ниту се одржала јавна расправа ниту се одржала јавна анкета.

Охриѓани кои многу добро го знаат „успешниот стопанственик“ Толески и неговите активности „во согласност со законот“ и кои до ден-денес се прашуваат на кој начин деталниот урбанистички план за Лагадин во рок од една деценија се деградира во урбанистички план вон населено место, за на крај да заврши како Општ акт. Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ – што лагадинци го формираа за да си го остварат уставно-загарантираното право на учество во одлуките кои ги засегаат на локално ниво – истово прашање му го постави и на Уставниот суд на РМ од кој наскоро се очекува одлуката за оценување на уставноста и законитоста на Општиот акт за Лагадин“, се вели во реакцијата на „Охрид СОС“.

Тие го потсетуваат Георгиески за конкретните и обврзувачки препораки со конкретен рок од УНЕСКО кои мора да ги исполните, инаку СДСМ ќе биде партијата која ќе го однесе регионот на Листата на светско наследство во опасност.

„Знаете ли за ноемврискиот извештај на владата на РМ до УНЕСКО во кој се вели: „Република Македонија активно работи на зачувување на крајбрежниот појас и воспоставување ред во урбаната трансформација на светското наследство“?

Знаете ли за препораката бр. 9 од Реактивната мисија на УНЕСКО која налага: „ригорозна примена на законите и регулативата со цел да се оневозможи какво било понатамошно нелегално градење во рамките на доброто“.

Осврнувајќи се на вашата последна изјава, несреќната изјава на премиерот Заев, очајните одлуки за вклопување бесправно изградени објекти во Градиште, мораме да ве прашаме во која насока работите?

Во насока на исполнување на обврзувачките препораки на УНЕСКО или во насока на исполнување на ветувањата дадени на вашите бизнис-партнери и партиски финансиери? Знаете, нели, дека не може да ги задоволите и едните и другите?“, се додава во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Режисерот Иван Поповски со писмо до Заев напишано од неговата ќерка: Повеќе згради во Лагадин, повеќе гомца во езерото

(Видео) Притисокот кон Заев за Лагадин се зголемува: Мала е границата од херој до злосторник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поведена постапка против две лица за сечење на трската на крајбрежје во Струга

Редакција

Електричниот тротинет – транспорт на сегашноста

Редакција

„Го сакам Водно“: Дали Македонија оди кон ЕУ, зависи и од односот кон Водно

Редакција