еМагазин
Image default
Бизнис

Охридска банка ќе одржи Собрание без физичко присуство на акционерите

Со оглед на настанатата ситуација со вирусот ковид-19 и прогласената вонредна состојба, согласно препораките на Владата и соопштението на Комисијата за хартии од вредност за модификацијата на закажаните Собранија на акционери со учество по коресподентен пат, Охридска банка АД Скопје, со цел остварување на заштита на акционерите информира дека седницата на акционери на Охридска банка АД Скопје закажана за ден 31.3.2020 година (вторник), со почеток во 12 часот ќе се одржи по пат на писмена коресподенција без физичко присуство.

„Со цел остварување на своето право, се повикуваат сите акционери да гласаат по точките на дневен ред, одлуките и материјалите објавени заедно со Јавниот повик, со пополнување на Образец за гласање со коресподенција, кој е објавен на официјалната интернет страница на банката на следниот линк: ohridskabanka.mk/sobranie-na-akcioneri.

Уредно пополнетиот Образец за гласање со коресподенција, акционерот треба да го достави во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и  презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот правно лице.

Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификацијата, секој акционер физичко лице е потребно да  достави и копија од документ за идентификација (лична карта / патна исправа).

Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификацијата, секој акционер правно лице е потребно да достави и копие од важечка тековна состојба за правното лице акционер и копија од документ за идентификација (лична карта / патна исправа) на законскиот застапник на правното лице.

Образецот во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака “За Собранието на акционери”, мора да бидат  примени во седиштето на Охридска банка АД Скопје, адреса ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје најдоцна до 30.03.2020 година до 16,00 часот. Телефон за контакт: (0) 2 3167 710“, соопшти банката преку Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридска банка лани оствари добивка од 3,8 милиони евра

Нова понуда на Охридска банка: Станбен кредит со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

Охридска банка го зголемува акционерскиот капитал за 10 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува државни службеници, плата до 117.600 денари

Редакција

Скопскиот аеродром ја прими наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2022

Редакција

Аеродромот во Љубљана заинтересиран за обнова на директната авиолинија до Скопје

Редакција