еМагазин
Image default
Бизнис

„Охридска банка“ со намалена добивка во првите три месеци од годинава

„Охридска банка“ во првите три месеци од годинава оствари добивка од 80,2  милиони денари, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога банката имала добивка од 150,6 милиони денари, покажува билансот на успех на банката објавен преку Македонската берза.

Во коментарот за остварените резултати од банката објаснуваат дека финансискиот резултат е понизок во најголем дел поради повисоката споредбена основа минатата година во делот на нето останати приходи – наплата на побарувања од претходни периоди.

„Во оваа година во делот на останати расходи се вклучени и дополнителните резервирања во висина на планираната просечна нето цена на чинење на ризикот за 2020 година како резултат на влијанието на кризата од Ковид-19.

Негативно влијание имаше и пазарниот притисок на каматната маргина кој беше несразмено поголем во делот на активните камати кај кредитите и хартии од вредност отколку на страната на пасивата“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридска банка ќе изврши докапитализација за поддршка на развојот на банката во износ од 10 милиони евра

Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија со заедничка донација од 110.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кристал 1923“ оствари добивка од 17,1 милиони денари за девет месеци

Редакција

Хари Костов купи 1.700 акции од Комерцијална банка

Редакција