еМагазин
Image default
Спорт

(Видео) ОК Вардар ги исполнуваат своите цели и амбиции

„Со спорт сум 7 години и мојата желба доаѓа од мали нозе, кога почнав од основно училиште да тренирам. Моите планови се да сум дел од голем клуб каде што ќе стекнам поголемо искуство и ќе станам подобар играч. Го одбрав ОК Вардар како најпрофесионален тим кој што има победнички дух. Мои планови за ова лето се да играм со сениорската репрезентација каде што сум повикан да настапувам на Европско првенство“, е пораката на Лука Костиќ кој има само 17 години и е дел од ОК Вардар.

Тој ќе се натпреварува заедно со најдобрите од Македонија и претстојното првенство ќе го играат во четири европски држави Словенија, Холандија, Белгија и Франција.

Лука Костиќ дел од тимот на ОК Вардар

Лука Костиќ (ОК Вардар) повикан да биде дел од Сениорската Одбојкарска Репрезентација на Македонија која ова лето ќе учествува на Европското првенство кое ќе се игра во четири европски држави Словенија, Холандија, Белгија и Франција.

Posted by OK Vardar on Понеделник, 10 јуни 2019

Играчите, младите, како Лука се пример за амбиција и успех. Затоа од ОК Вардар повикуваат дека треба да се воочат патеките по кои што можат да се надградуваат децата и младите. За нив тоа е спортот и одбојката.

Тимот на ОК Вардар напорно тренира и се подготвува за новата сезона 2019/2020. Тие само што најавија дека ќе учествуваат на Challenge купот на CEV – European Volleyball Confederation. Во ова натпреварување Македонија последен пат имала тим во 2008/2009.

Младите беа шампиони за 2018/2019 со совладувањето на Јанта Волеј со 3:2. Секој член на тимот на ОК Вардар упатува благодарност од сѐ срце до сите за поддршката која што ја имаа за време на сезоната и за сите аплаузи, натпревари и моменти.

Тие ја заокружија сезоната со нови искуства, победи и знаења кои ќе ги научат како да бидат подобри наредната сезона.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријави се на Виз Ер Скопски маратон! – најголемиот спортски настан ќе се одржи на 10 мај 2020

Редакција

(Фото) Македонскиот олимписки тим на дефилето на нациите на 32. Летни олимписки игри во Токио

Редакција

Македонските ракометари во „трилер“ финиш ја победија Украина

Редакција