еМагазин
Image default
Бизнис

Околу 35 отсто повисоки трошоци за плати и 50 проценти повеќе за другите давачки ќе предизвика прогресивното оданочување

Околу 35 отсто повисоки трошоци за плати и 50 проценти повеќе за другите давачки ќе предизвика прогресивното оданочување што го најави Владата, покажале првичните пресметки на некои од компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија.

Како што соопшти претседателот на Комората Бранко Азески пред денешната вонредна седница на Управниот одбор, секое ново оптоварување на фирмите ја намалува нивната конкурентност.

„Ние не сме против зголемување на животниот стандард, но сметаме дека тоа треба да се направи на двонасочна и рамноправна основа“, потенцира Азески.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски на заедничката прес-конференција со Азески, го повтори ставот дека целта на новата владина мерка е правично оданочување како чекор напред кон градење поправедно општество, јакнење на јавното образование, јавното здравство, социјалата, обезбедување повисоки плати и зголемување на животниот стандард.

Подвлече дека и дека никој не треба да има дилема околу трошењето на јавните пари, алудирајќи на дополнителните средства што би требало да се соберат од новата владина мерка.

Тевдовски не прецизира дали се можни какви било отстапки од сегашното предлог-решение. Рече дека детали ќе бидат соопштени по состанокот, откако ќе се ислушаат барањата и предлозите на стопанствениците.

Одговорајќи на новинарски прашања, Азески истакна дека во однос на прогресивното оданочување мора да се земе предвид и присуството на странските компании во земјава, вкупно 154, односно нивниот став и размислување за ефектот од ваквата мерка.

Прашан дали ќе поднесе оставка ако ваквото владино решение не добие поддршка, Тевдовски нагласи дека е убеден во неговата успешност.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тевдовски: Со министерска плата не можам да обезбедам моите деца да одат во приватно школо

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Халк Банка ја зголеми основната главнина за 933 милиони денари

Никола Осило

„Македонија пат“ склучи договор за набавка на сол со „Димакс рудници“ вреден 149 милиони денари

Никола Осило

МЗТ Пумпи оствари добивка од милион денари

Никола Осило