еМагазин
Image default
Бизнис

„Окта“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 146 денари по акција

Собранието на акционери на „Окта“ АД – Скопје на својата 30-та седница закажана на ден 02.06.2020 година да донесе одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, се вели во предлог-одлуката објавена преку Македонската берза.

„Врз основа на Одлуката за распределба на добивката на друштвото остварена во 2019 година, дивиденда во бруто износ од 146 денари по акција ќе биде исплатена на акционерите. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17.06.2020. Првиот датум тргување без право на дивиденда е 18.06.2020. Датумот на кој се определува листата на акционери со право на дивиденда ќе се утврди врз основа на Акционерската книга на 19.06.2020 до 16:00 часот. Исплатата на дивиденда ќе се изврши започнувајќи на 24.07.2020 година, а не подоцна од 30.09.2020 година“, пишува во предлог-одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Окта“ ја тужи Царинската управа

Вук Радовиќ е нов в.д главен извршен директор на ОКТА

„Фрчат“ оставки во „Окта“: Дионисиос Роутсис нов в.д. претседател на Одборот на директори 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кредитите од ЕИБ за мали и средни претпријатија со камата до 3,5 проценти

Редакција

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на РКМ, Супер трејд, Пертинакс и ЛИЛ оил

Редакција

„Виз ер“ го објави новиот зимски распоред 2022-2023 година

Редакција