еМагазин
Image default
Бизнис

ОКТА ги зголеми приходите и добивката

ОКТА ја започна 2019 година со значително подобрена профитабилност, при што клучен двигател е позитивниот ефект од залихите генериран преку нагорниот тренд на интернационалните цени на горивото, заедно со оптимизацијата на трошоците, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Приходите од продажба достигнаа 5,6 милијарди денари, споредбено со 5,2 милијарди денари од истиот период минатата година, како резултат на позитивниот ефект од зголемените продажни количини, како и повисоките интернационални цени на горивото.

Бруто маржата бележи нагорен тренд и изнесува 232 милиони денари, надминувајќи ги 185 милиони од истиот период минатата година, главно поради гореспоменатиот позитивен ефект од залихите.

Добивката пред оданочување во првиот квартал од 2019 година достигна 29 милион денари, споредено со загубата пред оданочување од 41 милиони денари забележана во истиот период минатата година“, соопшти компанијата.

Оттаму додаваат дека ова главно се должи на позитивниот ефект од залихите во износ од 41,6 милиони денари, како резултат на повисоките интернационални цени на горивото во текот на првиот квартал од 2019 година, споредено со негативниот ефект од залихите во износ од 17,2 милиони денари остварен во истиот период минатата година поради надолниот тренд на интернационалните цени на горивото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе продолжат субвенциите за авиолетовите на „Виз Ер“

Редакција

УЈП распродава запленети автомобили и камиони за да наплати данок

Редакција

Тендер тежок 62.000 евра: Психијатриската болница Скопје купи струја од „Енерџи актив“

Редакција